Нема подобар појадок или вечера од богата домашна пита надополнета од сирење и јогурт, но оние кои внимаваат на линијата обично си го негираат тоа задоволство. За среќа, не мораат!
Ова вкусно пециво се подготвува со помош на тајната состојка – овесот, кој на питата ќе ѝ ја даде потребната текстура и само придобивки за вашето тело!
Покрај тоа што ќе ви обезбеди многу енергија, овесната каша ќе внесе помалку калории во вашето тело, а изобилство на протеини, омега-3 и омега-6 масни киселини, витамини, особено од Б комплексот и многу минерали, вклучително и манган, фосфор и магнезиум, бакар, цинк, железо, фолна киселина…
Состојки:
100 грама овесна каша
4 цели јајца
4 лажици маслиново масло
10 лажици јогурт
300 грама ситно сирење
1 кесичка прашок за пециво
сол по потреба (во зависност од тоа колку е солено сирењето)
Подготовка:
Сомелете го овесот.
Добро изматете ги јајцата, па додајте јогурт и масло, сирење и сол по потреба. Потоа измешајте ја мелената овесна каша со прашок за пециво, па додајте во оваа смеса.
Добро измешајте и истурете во сад за печење претходно обложен со хартија за печење. По желба посипете ја питата со немелена овесна каша или семки.
Се пече во рерна загреана на 200 степени околу половина час.