Ова се ЖЕНСКИ ЗАБЛУДИ поради кои жените НЕ МОЖАТ да имаат ДОБРА ВРСКА!

popara15 октомври, 20221min00
676

Љубовта не е доволна и секоја врска се гради постепено бидејќи и двајцата во неа вложувате безгранично трпение, доверба и енергија, па затоа е многу важно од самиот почеток да размислувате за вашата врска на здрав начин.

Јасно е дека ние жените сме склони кон разни прашања и тежнееме да веруваме во различни теории, меѓутоа, таквиот начин на размислување може да го загрози вашиот однос со партнерот и да ја задуши вашата љубов на повеќе нивоа, па затоа е важно одредени мисли и идеи , особено оние кои се неосновани, веднаш да ги извадите од глава.

  1. Не сте доволно добра или тој едноставно не е доволно добар

Кога сте во врска, вие сте со личноста што сте ја избрале за себе, исто како што ве избрал вашиот партнер. Тоа значи дека сте совршени еден за друг, без оглед на сите маани и недостатоци. Тој ве прифаќа, како што вие го прифаќате него, и нема потреба да се оптоварувате со непотребни мисли.

  1. Се ќе дојде на своето

Ова е крајно оптимистичка мисла, а оптимизмот секако е здрав за психата, но од друга страна, доколку вашата врска е во криза, мора да преземете иницијатива, да разговарате со партнерот и заедно да се обидете да го решите проблемот. Во такви ситуации никогаш не е добро работите да ги препуштите на случајност, бидејќи пред се, многу е важно партнерот да види дека се грижите и дека се борите за вашата врска.

  1. Среќните парови не се расправаат

Истражувањата покажале дека најсреќни парови се оние кои водат конструктивни дискусии и несогласувањата ги решаваат со аргументи. Не постои ниту една врска без конфликт, а ако се чини дека постои, во таква врска партнерите не разговараат, ги потискаат своите емоции и во одреден момент може да дојде до дефект. Затоа е многу важно да имате отворен однос со партнерот и одвреме-навреме, мала дискусија базирана на аргументи.

  1. Не го поминува секој слободен момент со вас, што значи тоа?

Паровите кои се сакаат знаат колку е важно и двајцата да имаат малку време за себе. Здравата врска мора да вклучува одредено растојание, за да имате простор да размислувате еден за друг и да копнеете за присуството на вашиот партнер. Ако вашиот партнер сака малку простор за себе, тоа не значи дека помалку ве сака.

  1. Љубовта е доволна

Љубовта е сè, но е недоволна за здрава и силна врска на долг рок. Многу од нив се засноваат на компромиси, поддршка, почит и разбирање, се разбира, сето тоа доаѓа од силата на вашата љубов, но е многу понапорно и подразбира одредена жртва за саканата личност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma