Две лица влегле во собата во галеријата на плоштадот Трафалгар околу 11 часот, јавуваат странските медиуми.
Вандалите, претставувајќи се како активисти на „Just Stop Oil“, истуриле супа од домати врз ремек-делото на Ван Гог „Сончогледи“ во Националната галерија.
Тие ја истуриле содржината на две конзерви супа од домати врз сликата, чија вредност се проценува на 72,5 милиони фунти, пишува „SkyNews“.
– Што вреди повеќе? Уметност или живот? Дали вреди повеќе од храната? Вреди повеќе од правдата? – извика еден од уништувачите.
Оние кои се нашле на лице место не можеле да поверуваат што се случува.
Погледнете го видеото: