Многу фактори влијаат на тоа каков љубовник е мажот, дали сексот ќе биде добар или лош, но истражувањата покажаа дека само една карактеристика укажува на тоа дека мажот е добар во кревет.
Научниците ги истражуваа сексуалните искуства на жените за да откријат со какви партнери имале најдобар секс и редовен оргазам.
Во истражувањето учествуваа жени на возраст до 69 години кои не се во врска или брак бидејќи научниците сметале дека така ќе дадат пообјективна и реална оцена.
На учесниците во истражувањето им биле поставувани најразлични прашања за нивните сексуални односи, а врз основа на нивните одговори научниците заклучиле дека најдобриот сексуален однос им бил со некој маж кој е забавен и постојано се труди да ги расположи и насмее.
Смислата за хумор е одличен показател за сексуалните вештини на партнерот бидејќи упатува на тоа дека мажот ќе биде опуштен и во интимните ситуации, што е важно за добра комуникација меѓу партнерите, а на крај и добар секс, заклучиле истражувачите.
Помеѓу квалитетите е и креативноста. Мажите коишто се креативни и во другите сфери од животот се креативни и кога станува збор за сексот.