СИТЕ СЛАВНИ СЕ СОГЛАСУВААТ ДЕКА РИЈАНА МИРИСА БОЖЕСТВЕНО: Дознавме во што е нејзината тајна!

popara15 октомври, 20221min00
Rihanna (1)

„Ријана мириса толку добро!“, извикаа Џенифер Лоренс, Лил Нас Икс, Карди Би и Џим Парсонс откако се сретнаа со неа, па не е изненадување што нејзиниот Fenty Parfum се распродаде за рекордно време.

За нејзиниот бренд Fenty, Ријана дизајнираше унисекс мирис со ноти на пачули, ванила, боровинка, мошус, магнолија, клементина, здравец, зумбул, роза, темјан, бергамот и кокос. Пејачката и претприемач, неодамна исто така и милијардер, го опиша како комбинација од спомени и искуства на различни луѓе – затоа што радоста на мирисот е тоа што буди спомени.

Иако Рири е веќе ветеран во светот на парфемите, бидејќи, како и многу познати личности, таа објави мириси со нејзиниот потпис – да се потсетиме на Reb’l Fleur, Nude, Rebelle, Rogue, Crush, RiRi и Kiss – ова е првиот што таа го објави за својот бренд за убавина Fenty и има сосема поинаков имиџ: унисекс мирис со префинето шише во топла килибарна боја. Откако се распродадоа за многу кратко време, веќе се формираше листа на чекање за следното издание на мирисот, кое Рири го резимираше како: „сè што чувствуваш, сè што си и сè што сакаш да бидеш“. Звучи интригантно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma