Ако некои патики го издржале тестот на времето, тогаш тоа секако се Adidas Samba. Тие беа лансирани уште во 1950 година и оттогаш се едни од најголемите бестселери на Адидас на сите времиња, благодарение на нивната цена, достапност, историја и изглед.
Овој модел на тениски копачки први го носеа спортистите, додека во 70-тите години беа популаризирани од љубителите на фудбалот. Две децении подоцна, браќата Галагер од британскиот бенд Оазис ја вратија Самбата во популарност, како и моделот Газел. Бидејќи ни е тешко да им одолееме на трендовите од 90-тите, не е изненадување што тие се популарни.
Денес, ги гледаме овие класични патики на познати модни икони како Кендал Џенер, Ријана, Емили Ратајковски и Бела Хадид.
Популарноста на овој модел вртоглаво расте во последните месеци, а доказ за тоа се податоците на Google Trends. Имено, во САД моменталната потрага по терминот „Адидас Самба“ го достигна својот врв за оваа година.