Ако сте гурман, тогаш ви препорачуваме да направите вкусни шницли во сос од бело вино
Состојки:
- 500 гр шницли
- лажичка сладок пипер
- четири лажички брашно
- 100 мл масло
- пет рамни лажички сенф
- три чешниња лук
- 600 мл вода или бистра супа од зеленчук
- 100 мл бело вино
- сол, бибер
- свеж магдонос
Подготовка:
Истенчете ги шницлите со толчник за месо, посолете ги и извалкајте ги во мешавина од брашно и пипер.
На врело масло кратко пропржете ги шницлите од двете страни, извадете ги во чинија, од едната страна намачкајте сенф и поросете со прстофат бибер. Во маслото во кое се пржело месото пропржете го исецканиот лук и штом ќе замириса прелијте со вода или бистра супа од зеленчук.
Вратете ги шницлите и оставете ги да се динстаат на тивок оган со повремено мешање. Кога ќе омекнат и течноста видно ќе испари, се прелива со белото вино и се варат уште 15-20 минути. Послужете со прилог од зеленчук.