Рецепт за старински сутлијаш: Вака го подготвувале нашите баби

popara4 август, 20241min00
Screenshot_2

Брз и вкусен десерт на кој сите, со задоволство, се враќаме

 

 

 

Во сутлијашот денес се додаваат разни намирници како банани, бобинки и јаткасти плодови, но ние ви го пренесуваме рецептот кој го подготвувале нашите баби.

 

Состојки:

 

  • 8 лажици ориз
  • 1л млеко
  • 8 лажици шеќер
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • Какао за поросување

 

Подготовка:

Оризот измијте го под млаз вода, па ставете го во тенџере и прелијте го со вода за да се натопи.

 

Гответе го оризот додека водата не зоврие, а потоа извадете го тенџерето од шпоретот.

 

Во друго тенџере истурете млеко, ванилин и обичен шеќер и оставете да зоврие.

 

Додека млекото уште не е зовриено, додадете го оризот и цело време мешајте.

 

Не се плашете ако сутлијашот е редок, бидејќи подоцна ќе се стврдне.

 

Кога млекото ќе зоврие, варете уште малку, па извадете го тенџерето и веднаш истурете го сутлијашот во стаклени садови.

 

Поросете го со какао и оставете го малку да се излади

 

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag