Џулија Робертс и Џорџ Клуни воодушевија со модните комбинации: Оделата им стојат како сошиени за нив!

popara16 октомври, 20221min00
profimedia-0730397922-830x0 (1)

Џулија Робертс и Џорџ Клуни се долгогодишни пријатели и актерска двојка кои моментално ја промовираат својата нова романтична комедија „Билет за рајот“. По тој повод, тие двајца вчера гостуваа во една популарна американска емисија, на чие снимање пристигнаа модерно координирани.

Џулија годинава облече костим по трет пат, со што докажа дека можат да го носат и жените. Овој пат актерката се одлучи за комплет од брендот Gucci Adidas и ги спои спортот и елеганцијата.

Крем костумот има интересни крзнени детали на ракавите, а одоздола се гледаа бела кошула и црна вратоврска.

Џулија облече вртоглаво високи потпетици, а од модните детали донесе само црни очила.

Холивудскиот заводник се појави во сив костум и црна кошула, и покажа дека изгледа фантастично во седмата деценија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma