Понекогаш, дури и без да знаеме, правиме големи грешки во одржувањето на личната хигиена.
Ако користите сунѓер за туширање, мора да се грижите за неколку многу важни работи.
Сунѓерите за туширање ни помагаат да се ослободиме од мртвите клетки на кожата, но по колку време треба да ги замениме?
Експертите сметаат дека треба да ги фрлиме по една употреба, доколку не ги исушите правилно.
Една од бактериите што може да се развие е стафилокока.
– Сунѓерите се добри на почетокот, но треба брзо да ги замените доколку сакате да ја зачувате чистотата и здравјето на кожата – објаснува Естер Ангерт, доцент на катедрата за микробиологија на Универзитетот Корнел.
Кога користат сунѓер под туш, речиси сите го оставаат во бањата. Мртвите клетки од кожата се веќе на него, а топлиот и влажен воздух во бањата придонесува за брзо размножување на микроорганизмите. Особено ако сунѓерот се остави влажен, доаѓа до прекумерен раст на микробите.
Друга вообичаена грешка: ако поагресивно се исчистите со сунѓерчето, тоа ги зголемува шансите да ја оштетите кожата и да внесете бактерии.
Затоа, после секоја употреба треба да го дезинфицирате сунѓерот и да го оставите да се исуши покрај прозорецот или на терасата.
Треба да биде на место каде што свеж воздух циркулира слободно.
Покрај тоа, редовно менувајте ги сунѓерите.