ПИЛЕШКО ФИЛЕ СО ДОМАШНО ПЕСТО! Брз ручек или вечера со стил!

popara17 октомври, 20221min00
Screenshot_3

Домашното песто е она што ќе ја направи разликата во ова јадење во споредба со (само) пилешко на скара. Сосот исто така ќе помогне филето да не се исуши по печењето… Уживајте!

 

 

 

Состојки:

 

  • шолја и пол свеж босилек
  • чаша печени ореви
  • две чешниња лук
  • две лажици пармезан
  • половина чаша маслиново масло
  • една лажица сок од лимон
  • четири пилешки филети
  • сол, бибер

 

Подготовка:

 

Во блендер се ставаат босилекот, оревите, лукот, пармезанот и маслото, па убаво се меша да се добие еднолична смеса. Додадете сок од лимон, измешајте и оставете го на страна. Зачинете го пилешкото со сол и бибер, а потоа печете во грил тава на умерена температура пет до шест минути од секоја страна. Извадете го во чинија, прелијте го со песто сосот и веднаш послужете.

 

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma