По неколку години шпекулации, првпат јавно се сретнале и се фотографирале поранешната девојка н сегашната сопруга на популарниот пејач Џастин Бибер.
Имено, Музејот за филмска уметност во Лос Анџелес организираше свечено дружење на кое биле и Селена Гомез и Хејли Бибер.
Ова е првпат тие две да се појават на исто случување, а и првпат и да се фотографираат двете.
Selena Gomez and Hailey Bieber share a hug at the Academy Museum Gala. pic.twitter.com/l4jgxLqcAT
— Pop Base (@PopBase) October 16, 2022
Нивното дружње потврди дека помеѓу нив нема анимозитет, како што Хејли тврдеше кога гостуваше во еден подкаст.
Selena Gomez and Hailey Bieber photographed together at the #AcademyMuseumGala last night. pic.twitter.com/tqvBvgrQF3
— Pop Crave (@PopCrave) October 16, 2022
„Никоја од нас ништо не си должи, освен само почитување. Многу ја почитувам“ – рекла 25-годишната за 30-годишната Гомез.
„Сите од нашата страна знаат што се случило и ние сме во ред со тоа и можеме да гледаме на тоа со почитување“ – продолжила таа, мислејќи на Џастин со кого се сврши во јули 2018 година, само неколку месеци по раскинувањето со Гомез.