Дали имате ЧЕСНИ НАМЕРИ? Петте најчести ЛАГИ на ПРВИОТ состанок!

popara17 октомври, 20221min00
Screenshot_7

На првите излегувања сите сакаме да оставиме добар впечаток, поради што многумина се занесуваат и одат предалеку со тврдењата за себе и својот живот.

 

 

 

Кога станува збор за првиот состанок, тој никогаш не открива доволно за личноста која ни се допаѓа. Всушност, многу голема е веројатноста да слушнеме и многу бели лаги.

 

Без разлика на полот, сите имаме високи очекувања кога се запознаваме со некого, па не е ни чудно што понекогаш во желбата да се прикажеме во најдобро светло, кажуваме и работи кои не се баш вистинити.

 

Финансискиот статус

 

Низ историјата, за мажите често се проценувало на основа на нивниот имотен статус, затоа и не е чудно што мажите понекогаш сакаат да се претстават побогати отколку што се. Но, денес тоа истото важи и за девојките кои понекогаш умеат да се потрудат да остават впечаток дека се поимотни.

 

Последното раскинување

 

Никој не сака да слушне дека личноста која му се допаѓа била во врска до пред само 5 дена, нели?

 

Затоа и не е чудно кога некој тврди дека последното раскинување му се случило одамна и дека за сето време бил сам.

 

Животна ситуација

 

Многу не се баш одушевени од фактот дека живеат со родителите или цимери, па не е необично овој факт да го прикријат на првиот состанок. Сепак, тоа спаѓа во работи кои брзо се разоткриваат.

 

Работа

 

Секоја работа која се врши вредно и одговорно е за чест, но сведоци сме дека понекогаш сакаме да се прикажеме поквалитетни. Умееме да се пофалиме и претставиме како да работиме нешто многу поважно.

 

Вистинските намери

 

Безброј пати се има случено некој да се претстави како личност која сака стабилна врска само за да испадне дека во тој момент е заинтересиран само за сек. Доколку и вие сте заинтересирани за тоа, најважно е да бидете искрени за намерите.

 

Но, ако планирате нешто посериозно обрнете внимание на ситниците кои издаваат што стои зад секој збор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma