Реагирајте навреме: Ова се симптомите на воспалено слепо црево

popara17 октомври, 20221min00
Screenshot_8

Слепото црево кај човекот, вообичаено од 8-10 см и помалку од 1,3 см, нема функција во системот за варење.

 

 

 

Неговите мускулни ѕидови ги исфрлаат своите мукозни секрети или кои било цревни содржини што влегуваат во него.

 

локада на отворот може да спречи исфрлање и да предизвика воспаление на слепото црево; се собираат течности, бактериите се множат и слепото црево стануав надуено и воспалено; ткивото во слепото црево почнува да изумира и органот може да пукне, предизвикувајќи воспаление на перитонеумот.

 

Симптомите можат да започнат со умерена болка во горниот абдомен, околу папокот, или во целиот абдомен. Потоа може да се јави мачнина и повраќање. Болката може да се префрли во десниот долен абдомен.

 

Вообичаено е присутна треска, но во првите фази ретко е висока.

 

За да се направи разлика меѓу акутно воспалување на слепото црево од другите причини за стомачна болка потребен е внимателен преглед. Се лекува со отстранување на слепото црево (апендектомија).

 

КОГА НАЈЧЕСТО СЕ ЈАВУВА ВОСПАЛЕНИЕ НА СЛЕПОТО ЦРЕВО?

Воспалението на слепото црево настанува како резултат на затнување на тесниот лумен со различна содржина или поради влијанија од околината ( копролити, туѓо тело, цревни паразити, зголемено лимфно ткиво или тумор). Може да се јави кај секој човек независно од полот и возраста, но,сепак, почесто се јавува кај млади луѓе, деца и адолесценти, а многу поретко кај постари лица или деца до две години.  Кога еднаш ќе настане, ако не се реши навреме, воспалителниот процес  напредува и може да се јават потешки форми на воспаление, како што се флегмона,гангрена или перфорација. Овие состојби ако не се дијагностицираат и хируршки не се решат навреме може да предизвикаат и смрт на пациентот.

 

КОГА СЕ ЈАВУВААТ СИМПТОМИТЕ ОД ВОСПАЛЕНИЕТО?

 

Во почетната фаза воспалението на слепото црево типично се манифестира со појава на неодредена болка во стомакот во предел на папокот која е присутна неколку часа и најчесто е придружена со губиток на апетит, гадење и повраќање. Во наредниот период болката мигрира и се локализира во десниот долен дел на стомакот кој станува чувствителен при допир. Од симптомите се јавува и покачена температура, а можно да се јави и дијареја, отежнато мокрење, отсуство на столица и гасови, како и силни болки во стомакот. Ова е состојба која укажува на сериозно воспаление на стомачната празнина, а се препознава со тоа што стомачниот ѕид станува цврст, а болката неподнослива.

 

Симптомите се јавуваат во период од 12 до 24 часа. Многу често клиничката слика на воспаленото слепо црево може да се манифестира нетипично поради непотребно земање на антибиотици,аналгетици или спазмолитици.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag