На ќерката и купила чанта што чини колку СТАН во Скопје: Раперката предизвика ХАОС на мрежите (ФОТО)

popara17 октомври, 20221min00

Станува збор за скапа чанта од популарниот бенд „Hermès“, која дури и многу возрасни дами не можат да си ја дозволат

Раперката Карди Би се фотографирала со ќерка си како држи чанта вредна педесет илјади долари и предизвика скандал на социјалните мрежи.

Станува збор за скапа чанта од популарниот бенд Hermès Birkin, која дури и многу возрасни дами не можат да си ја дозволат.

– Јас и мојот најдобар пријател засекогаш – напиша раперката во описот на фотографиите на кои нејзината ќерка ја држи скапата чанта.

Персонализираната дизајнерска чанта е шарена, во бои на виножито и има кристали на неа. Карди Би и сопругот Офсет, наводно, поминале недели во преговори со дизајнерите за изгледот на чантата. Во чантата се вложени повеќе од 100 часа работа.

Подарокот кој раперката и го подари на ќерката ги налути нејзините следбеници. Мислењата главно се поделени, но најчести коментари се дека подарокот е прескап за мало дете, кое не може ни да ја разбере вистинската вредност на таа чанта.

Screenshot 2022-10-17 201912
Screenshot 2022-10-17 201934
Screenshot 2022-10-17 202023

– Апсолутно е одвратно што оваа бесрамна славна личност и подари персонализирана чанта од 50.000 долари на својата разгалена ќерка. Карди е мизерна.

– Се додека можат да си го дозволат тоа, и да го научат девојчето на благодарност и навика за добра работа, нека го прават тоа. Толку пари фрла на детска чанта, а има луѓе на светот чии животи би се смениле со тие пари.

– Напорно работи за тие пари, оставете ја жената да живее како сака – се дел од коментарите на фановите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag