Мажите се плашат да им ги постават овие 3 прашања на партнерките, а би требало

popara17 октомври, 20221min00
676

Кога станува збор за жените, на мажите многу работи не им се јасни. Иако некои прашања постојано се вртат низ нивните глави, тие не успеваат да дојдат до вистинските одговори.

Американскиот блогер Арон Трејстер се занимаваше токму со вакви прашања, но и со женски одговори кои барем донекаде треба да им ги објаснат работите на припадниците на посилниот пол.

Зошто жените имаат толку многу чевли?

Многу мажи ги мачи ова прашање бидејќи не разбираат зошто жените треба да имаат дваесет пара чевли, кога реално можат да носат најмногу пет пара. Она што мажите не го разбираат е дека жените уживаат во чевлите и се чувствуваат добро кога имаат убави и секси чевли на нозете. Чевлите за жените се како што се автомобилите за мажите.

Зошто жените им раскажуваат на своите пријателки за нивниот љубовен живот?

Бидејќи мажите се генерално позатворени од жените и не сакаат да зборуваат за своите емоции, тешко им е да разберат зошто жените чувствуваат потреба да зборуваат за својата интимност. Но, таква е природата на жените, тие ги споделуваат своите емоции, зборуваат за нив, а тоа го вклучува и нивниот љубовен живот. Жените разговараат со своите пријатели за љубовта и сексуалниот живот затоа што сакаат споредби, се обидуваат да проценат дали се е во ред и често бараат совет. Понекогаш, но само понекогаш, зборуваат за малку да се пофалат.

Зошто жената е љубезна со сите, а нејзиниот партнер најлошо поминува?

Колку и да не им се допаѓа ова на жените, факт е дека мажите со право го поставуваат прашањето. Многу често жените се трудат да бидат коректни и пристојни кон сите луѓе во нивниот живот, но така попатно се собира многу и моментот на пукање се случува пред нејзиниот маж, пренесува „avaz.ba“.

Зошто? Бидејќи жената се чувствува безбедно со него и знае дека тој ја познава, па верува дека тој полесно ќе и го прости испадот од некој друг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag