Последната недела од престојот на Сонцето во знакот Вага носи големи позитивни промени кај луѓето родени во знакот Стрелец, Јарец и Водолија.
За уште неколку дена Сонцето ќе биде во Вага, што на сите знаци од Зодијакот им дава можност да го завршат започнатото.
Како што објаснуваат астролозите, планетарните аспекти се доста поволни за сите, особено за родените во овие три хороскопски знаци кои оваа недела ќе ја паметат по големи позитивни промени.
- Стрелец
Завршете сè што сакате да промените, особено на деловен план, до 23-ти октомври. До моментот кога Сонцето ќе премине во знакот на Шкорпија, вашиот фокус ќе биде максимално остар, вашите преговарачки способности ќе бидат на завидно ниво, а наклонетоста на претпоставените ќе биде особено изразена.
Лесно ќе успеете да решите некои проблеми кои ги „влечете“ со месеци, а можеби и со години. Ќе бидете бестрашни, полни со самодоверба и среќата ќе ве следи на секое поле од животот.
- Јарец
Оваа недела успешно ќе балансирате меѓу деловните и приватните обврски и ќе бележите успеси на двете полиња. Нешто за кое долго време сте сонувале на работа конечно ќе почне да се остварува, а „големото финале“ ќе следи на крајот на зимата, кога ќе ги добиете заслужените ловорики.
Нема да ве одмине ни среќата во љубовта. На многу Јарци ќе им забрза срцето, без разлика дали се зафатени или сингл.
Личноста со која се разидуваат подолго време и за која често размислуваат, конечно ќе покаже иницијатива и ќе ги принуди амбициозните Јарци да стават знак на еднаквост меѓу работата и љубовта. Кај некои Јарци можно е и неочекуваното – љубовта да преовладува, да им го стопи срцето и поради тоа работата да ја стават во втор план.
- Водолија
До крајот на престојот на Сонцето во знакот Вага, родените во овој воздушен знак ќе расчистат се што ги спречувало да почувствуваат вистинска среќа во претходниот период. Некои Водолии ќе донесат одлука за раскинување или развод, некои ќе ја напуштат работата или ќе почнат да се обучуваат за сосема нова професија, а некои припадници на овој знак ќе ја „повлечат линијата“ и ќе ги прекинат сите контакти со луѓето кои долго им ја цицале енергијата.
Иако знаат да бидат многу емпатични и во исто време често да се враќаат на старите начини, овој пат водолиите ќе бидат решени да се ослободат од се што не им се допаѓа и да ги исполнат новите животни радости со многу енергија и ентузијазам.