Направете сами домашен третман за НОКТИ! ЌЕ СЕ ОБНОВАТ ЗА МИГ

popara17 октомври, 20221min00
351536_screenshot-1_f

Нанесете ја смесата од неколку масла и крем пред спиење и ќе ги видите резултатите наутро

Добро негувани нокти и мека кожа на рацете е нешто што секоја жена посакува да го има.

Иако во денешно време одењето во козметички салони може да ви овозможи такво нешто, тоа не значи дека не можете да имате соодветна нега дома.

Без разлика дали немате време да одите на маникир или едноставно претпочитате сами да ги правите ноктите, овој третман добро ќе ви дојде.

Најпрво треба да ги обликувате ноктите по желба, а потоа да ги потопите рацете во топла вода неколку минути, а на крај да ги турнете кутикулите кон коренот на ноктите.

Сечењето на кутикулите не се препорачува, а професионалците истакнуваат дека истиот ефект на „мазност“ лесно можете да го добиете со нивно туркање.

Направете мешавина од кокосово и рицинусово масло, како и мала количина од кремот за раце што вообичаено го користите. Загрејте ги маслата за да бидат млаки, па измешајте со кремот.

Нанесете на рацете, особено втријте во ноктите и кутикулите, па ставете ги козметичките ракавици и оставете преку ноќ.

Наутро ќе видите колку ќе ви бидат меки рацете, а кутикулите нема да ги има.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag