ДАЛИ ГО СОБЛЕКУВАТЕ ГРАДНИКОТ ПРЕД СПИЕЊЕ Докторите ја открија вистината, еве што е добро за вашето здравје

popara17 октомври, 20221min00
624001_bruuuusssss_f

Ако одлучите да спиете со градник, најдобро би било да се одлучите за мек материјал без жици

Дали жените треба да носат градник кога спијат? Различни се мислењата на жените, но и на експертите компетентни за оваа тема. За жал, не постои научен доказ кој цврсто ја поддржува теоријата дека носењето градник навечер ќе помогне во борбата против опуштените гради.

„Носењето градник во кревет може да биде удобно додека спиете, но тоа не помага да се заштитите од опуштени гради. Градникот не е временска машина“, вели Анџелика Кавуни, пластичен хирург.

Експертите се согласуваат дека градникот може да се носи и во кревет, доколку жената што го носи може нормално да спие. Ако ви пречи, соблечете го, бидејќи не постои научен доказ дека градникот на кој било начин ќе ви помогне кога станува збор за изгледот на вашите гради.

„Нема докази дека спиењето со градник има некаков позитивен или негативен ефект врз градите“, вели д-р Амбер Гет, а една неодамнешна студија не откри никаква врска помеѓу ризикот од рак и носењето градник.

„Ризикот беше многу сличен без оглед на тоа колку часа дневно жените го носеле градникот, дали имале жица, пуш ап влошки или од кога првпат почнале да носат градник“, вели научникот Лу Чен.

Од друга страна, нема придобивки од носењето градник додека спиете – тоа нема да ги направи вашите гради цврсти и обликувани. Промените на градите, како што е опуштеноста, се јавуваат само поради стареење, гравитација, бременост и доење, а не поради често не носење на градник.

Поголемиот дел од жените кои носат градник додека спијат се најчесто оние со големи гради и тоа го прават за дополнителна поддршка. Ако одлучите да спиете со градник, најдобро би било да се одлучите за мек материјал без жици. Не размислувајте за градниците кои се премногу затегнати, бидејќи можат да предизвикаат иритација на градите, што може да предизвика проблеми со спиењето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag