Кој НЕ СМЕЕ да јаде СПАНАЌ? Ако ги пиете овие лекови, може да ви направи ХАОС во организмот

popara18 октомври, 20221min00
24232_shutterstock-1722170971_f

Водата е главната состојка на спанаќот. Количината на липиди и јаглехидрати во спанаќот е мала, но затоа спанаќот е еден од зеленчуците со најголема содржина на протеини. Во спанаќот може да се најдат многу минерали: калциум, железо, калиум, магнезиум, манган и фосфор. Од витамините, спанаќот содржи витамини А, Ц, Е, К, витамини од Б комплексот (Б6, Б2, Б1) и фолна киселина (витамин Б9). Спанаќот содржи и омега 3 масни киселини.

Витаминот А го зајакнува имунитетот, па телото полесно се бори со инфекции и воспаленија. Спанаќот е корисен и поради неговиот минерален состав: калиумот, магнезиумот, бакарот, цинкот и манганот му помагаат на телото да се ослободи од вишокот течности. Ова го коригира високиот притисок и го зачувува здравјето на срцето. Изобилството на железо го прави сојузник на сите заболени од анемија – 100 гр спанаќ задоволува четвртина од дневните потреби.

Овој зелен зеленчук е на листата на „суперхрана“ поради неговите значајни антиоксиданси како лутеин, зеаксантин и бета каротин. Благодарение на него, организмот полесно се брани од токсини, бактерии и вируси. Сепак, не е добро секој да јаде спанаќ секој ден.

Бидејќи има многу оксална киселина, способноста на телото да апсорбира минерали може да биде нарушена. Оттука, спанаќот може, парадоксално, дури и да доведе до дефицит на овие супстанции.Според податоците на Американската агенција за лекови, особено е ризичен за пациентите кои пијат лекови за разредување на крвта, поради високото ниво на витамин К кој може да го поништи ефектот на овие апчиња.

Може да доведе и до дигестивни проблеми – дијареа, гасови и надуеност.Поради фактот што состојките на спанаќот може да имаат интеракција со некои лекови, задолжително консултирајте се со вашиот лекар во врска со употребата на овој зеленчук во вашата исхрана.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma