Состојки за тестото:
вода – 500 ml
масло – 1 лажиче
брашно – 2 чаши
јајца – 4 парчиња
За сирупот:
вода – 2 чаши
шеќер – 1 чаша
масло – за пржење
*една чаша е 200 мл
Подготовка:
Водата и маслото ставете ги на оган да зовријат. Кога водата ќе почне да врие, додадете 2 чаши брашно и енергично мешајте, додека тестото не почне да се одвојува од страните на тавата. Потоа оставете го тестото да се излади.
Кога тестото ќе се излади, додадете ги јајцата. Додавајте ги едно по едно. После секое јајце со раце убаво замесете го тестото.
Истурете масло во длабока тава за да се загрее. Кога маслото ќе се загрее, користете шприц со поширока млазница за да направите тулумби.
Кога тулумбите ќе станат златни, извадете ги од маслото. Оставете ги на страна да се изладат.
За сирупот истурете ги водата и шеќерот во тенџере и сè ставете на оган. Сирупот е готов кога ќе згусне. Тулумбите исечкајте ги во плех и прелијте ги со сируп.
Оставете ги во сирупот околу еден час и потоа извадете ги.