По морничавиот Дамер, на Нетфликс пристигна „The Watcher“. Серијата е заснована на вистински настан кој не е разрешен до ден-денес, а ги следи животите на нормално и добро ситуирано четиричлено семејство.
Дејството на серијата се одвива околу семејството Бренок, откако тие решаваат да се преселат од Њујорк во „тивко“ предградие во Њу Џерси. Почетокот на нивната агонија доаѓа по првото анонимно писмо што го добиле, потпишано од „The Watcher“.
Креаторот на писмата до ден денес не е пронајден, а во меѓувреме се појавија разни теории за можните виновници. Некои дури ги вклучија и самите членови на семејството Бренок. Нивната приказна стана позната во 2018 година, а ја сними Рајан Марфи, креаторот на популарната серија American Horror Story. Главните улоги во серијата ги толкуваат Миа Фароу, Наоми Вотс, Боби Канавејл и Џенифер Кулиџ.
Марија и Дерек Бренок купиле куќа која личела на нивниот дом од соништата. Платиле 1,3 милиони долари за куќа во Њу Џерси и веднаш ангажирале градежници и почнале со работа за да можат што поскоро да се преселат со своите две деца.
Меѓутоа, штом започнала работата, почнале да се случуваат чудни работи. Една вечер Дерек забележал писмо во поштенското сандаче. Писмото било напишано со чуден ракопис дека е наменето за „новите сопственици на домот“, а внатре во ковертот имало писмена порака. Тоа било првото во низата морничави писма што пристигнале на нивната адреса.
– Најдраги нови соседи од адресата 657 Булевар, ви посакувам добредојде. Булеварот 675 моето семејство го гледа со векови и сега, како што се наближува 110-тиот роденден, на ред сум јас, задолжен да гледам и да го чекам второто доаѓање. Дедо ми ја гледаше куќата во 1920-тите, татко ми во 1960-тите. Сега е моето време – пишуваше во морничаво писмо.