Актерката Џина Дејвис во својата нова автобиографија „Dying of Politeness“ ги раскажа деталите од снимањето на филмот „Thelma & Louise“ со Бред Пит.
Таа откри дека познатиот актер толку се срамел од еден дел од телото што побарал од шминкерот да го покрие со шминка.
Се работело за мозолче на задникот, поради што се чувствувал многу непријатно при снимањето на секс сцените.
„Бред не се грижеше за гужвата околу неговиот добар изглед. Само се засрами од ситното мозолче на неговиот задник што шминкерот го прикриваше пред секоја сцена“, додава таа.
Инаку, Пит неодамна изјави дека е навистина благодарен што од режисерот Ридли Скот добил можност да глуми во „Thelma & Louise“.
„Немав што да покажам освен мојата работа како статист, но ризикуваа и ми дадоа улога. Мислам дека режисерите беа очајни, да ви кажам искрено. Тие веќе снимаа бидејќи една недела подоцна бев на снимање и работев“, изјави актерот.
Филмот е крими драма од 1991 година кога Пит имал 27 години.