Рецептот е многу лесен, па дури и почетниците во кујната можат да го подготват
Состојки:
- 3 јајца
- 1 лажичка сол
- 250 мл млеко
- 200 гр младо сирење
- 150 гр брашно
- путер
Подготовка:
Јајцата се матат, па се додава сол, млекото и сирењето. Кога сè добро ќе измешате, додадете го брашното и соединете сѐ заедно.
Исечете коцка путер и ставете ја на загреана тава.
Кога путерот ќе се растопи, истурете ја смесата што ја подготвивте. Намалете ја топлината, затворете ја тавата со капак и оставете да се пржи околу осум минути.
Направете го истото со другата страна.
Кога питата е готова, исечете ја на триаголници и послужете.
Пријатно!