СПИЕТЕ ПРЕДОЛГО? Еве како тоа влијае на вашето здравје

popara19 октомври, 20221min00
Screenshot_8

Многумина од нас обожаваат да продолжат да спијат откако ќе го исклучат алармот, барем уште час или два. Кога тоа се случува ретко, не е опасно, но не и ако го правите секојдневно.

 

 

Спиењето е процес во кој телото и умот се одмораат, но како и со сè друго, кога се претерува, може да биде многу штетно.

 

Ако треба повеќе да спиете, тогаш не го правете одложувањето на алармот, туку едноставно, наместете го да ве разбуди подоцна.

 

Ова се четири причини зошто да го направите тоа:

  1. Зголемена телесна тежина и гојазност

Откако еднаш сте се разбудиле, телото е во готовна состојба за дневните активности. Со повторното заспивање метаболитичките функции се намалени, а со тоа и согорувањето на калории. Доволното спиење е значајно, но претераното може да ви нафрли некој килограм плус и да ви донесе здравствени проблеми.

 

  1. Ризик од кардиоваскуларни заболувања

Кога спиете долго, помалку се движите и помалку вежбате. Ова може да влијае врз срцето и дури и најлесните физички активности да ви предизвикуваат тахикардија. Жртвувајте еден час од своето предолго спиење, толку е доволно за да успеете да постигнете да вежбате барем малку и да го намалите ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

 

  1. Депресија

Кога се чувствувате депресивно, имате потреба да спиете повеќе, затоа што тогаш помалку размислувате за реалните проблеми. Но, дали ви е подобро потоа? Долгото спиење воопшто не е добро кога имате психолошки проблеми.

 

  1. Зголемен ризик за дијабетес

Севкупниот ефект на претераното спиење има огромно влијание врз физичкото и менталното здравје. Еден од зголемените ризици е и потенцијалот за заболување од дијабетес. Ова е тесно поврзано и со намалената физичка активност и со бавниот метаболизам за време на спиењето.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma