Есента ни носи многу мирисни и здрави плодови, а еден од омилените ни се сочните мандарини, вистинско богатство на здравјето!
Бидејќи се мали, ретко кој застанува на една мандарина, а уживајќи во овие кисели и слатки плодови, правите голема услуга за вашето здравје. Ако ги јадете секојдневно, вашето тело ќе добие многу придобивки, а ова се само некои од нив.
Ќе внесувате многу хранливи материи
Иако се помали од другите цитрусни овошја, како што се портокалите и грејпфрутите, мандарините содржат многу вода, која сочинува 85 проценти од нивниот состав!
Само една мандарина со средна големина (околу 88 грама) содржи:
47 калории
12 грама јаглени хидрати
2 грама влакна
0,7 грама протеини
26% од препорачаната дневна доза на витамин Ц
3% од препорачаната дневна доза на витамин А
3% од препорачаната дневна доза на калиум
Освен тоа, мандарините нема маснотии, а тие се еден од најконцентрираните извори на бета-криптоксантин, антиоксиданс кој во организмот се претвора во витамин А и стои зад неговата интензивна портокалова боја.
Во ова овошје има многу други хранливи материи, вклучувајќи го и Б комплексот.
Ќе го намалите ризикот од хронични болести и рак
Бета-криптоксантинот не е единствениот антиоксиданс во мандарините, ги има многу повеќе, а ова овошје е исто така богато со флавоноиди како нарингин, хесперидин, танџеретин и нобилетин.
Благодарение на сето ова, мандарините се одлична превенција од хронични состојби, рак, го штитат мозокот од оштетување и го чуваат здравјето на кожата и срцето.
Ќе го зајакнете имунитетот
Витаминот Ц во мандарините помага во заштитата на имунолошкиот систем од вируси и бактерии со тоа што делува на Т-клетките, еден вид бели крвни зрнца кои го штитат телото од инфекции.
Покрај тоа, овој витамин ќе ги подобри и фагоцитите, имунолошките клетки кои ги внесуваат бактериите и другите штетни соединенија, што дополнително ќе го зајакне имунолошкиот одговор на телото.
Покрај тоа, витаминот Ц ќе ја намали сериозноста на алергиските реакции.