Детектирањето на симптомите и навремена реакција некогаш може да спасат живот. Токму затоа некои промени во телото не смеат да се игнорираат бидејќи тие укажуваат дека нешто не е во ред и треба да се интервенира.
Згрутчувањето на крвта или тромб може да бидат крајно опасни по животот, да се шират од крвотокот низ телото и да го нападнат срцето, мозокот и другите органи и да доведат до фатален исход.
Кога згрутчувањето на крвта ги затнува артериите, мозокот, срцето и белите дробови престануваат да добиваат кислород и доаѓа до срцев или мозочен удар.
Иако повеќето случаи може да се спречат, згрутчувањето на крвта е сериозен здравствен проблем кој убива илјадници луѓе секоја година
Овие симптоми се знак дека треба да се јавите на лекар:
Кога се формира тромб во рацете и нозете, длабоко под кожата, тоа се нарекува длабока венска тромбоза. Ова е опасно бидејќи згрутчувањето може да патува од срцето до белите дробови. Длабока венска тромбоза може да се појави ако долго време не сте се движеле.
Ова се симптомите за аларм:
-Оток, може да се случи на истото место каде што се појавило згрутчувањето или на целата нога или рака.
-Промена на бојата, може да забележите дека вашите раце или нозе се црвени или сини.
-Болка, како што се влошува состојбата, ќе чувствувате поголема болка. Чувството може да се движи од мала до интензивна болка.
-Тешко дишење, ако тоа се случи, тоа може да значи дека згрутчувањето се преселило од вашата рака или нога во белите дробови. Може да се појави и силна кашлица или крв при кашлање.
Кога ќе се најде згрутчување на крвта во близина на срцето, се јавуваат следниве симптоми:
-Тешка болка во рацете и градите
-Потење
-Тешкотии со дишењето
-Тешкотии со дишењето и потење се јавуваат и кога ќе се најде згрутчување на крвта во близина на белите дробови, што се нарекува белодробна емболија.
Покрај тоа, и ова може да биде аларм:
-Тешка болка во белите дробови
-Кашлица
-Вртоглавица
Згрутчувањето на крвта може да стигне и до мозокот и да предизвика мозочен удар.
Внимавајте на овие симптоми:
-Визуелни и говорни тешкотии
-Слабост