Што е ПОЗДРАВО, путер или маргарин? Задолжително проверете дали ја има ОВАА состојка пред да го купите

popara21 октомври, 20221min00
Maslac_shutterstock

Еве што велат експертите

Пред неколку години, беше актуелна дебатата за тоа што е поздраво – путерот или маргаринот?

Маргарините на база на растително масло станаа популарни кога лекарите почнаа да сфаќаат колку се опасни заситените масти за здравјето.

Некои маргарини имаат нездрави транс масти, додека за други има различни тврдења кои можат да бидат прилично збунувачки за клиентите. Во меѓувреме, имаше и такви кои тврдеа дека путерот е „целосно природен“ избор.

Што велат експертите?

Американското здружение за срце предлага купување намази без транс масти наместо обичен путер или маргарин. Изберете намаз со најмала количина на заситени масти и нула транс масти. Проверете ги состојките: ако пишува дека содржи хидрогенизирани масла, тоа значи дека има транс масти, иако може да не пишува така на етикетата.

Путер

Обичниот путер се прави од кравјо млеко или кајмак што се меша додека не достигне полуцврста состојба. По дефиниција, содржи најмалку 80 проценти млечни масти по тежина. Путерот се прави и во солени и во несолени варијанти, а една порција путер содржи 11 грама масти, додека 7 проценти се заситени масти кои ги затнуваат артериите. Содржи и 30 милиграми холестерол, што е 10 отсто од дневната вредност за човекот.

Секако, најбезбедната опција е да ги прескокнете и путерот и маргаринот. Експертите препорачуваат користење на мононезаситени масти: маслиново масло или растително масло. Користете путер од авокадо и јаткасти плодови наместо путерот што го ставате во вашите сендвичи. На тој начин обезбедувате внес на масти, но тоа се здрави масти.

Кој производ и да го изберете, ограничете ја неговата потрошувачка. Доколку ви е потребен маргарин за приготвување колачи, советот е да набавите таков што не содржи транс масти, бидејќи маргарините кои содржат транс масти, освен што ги затнуваат порите, се и нездрави за целото тело.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag