Ниту една мексиканска маса не може да се замисли без кесадиљи. Сигурно веќе ги имате сите состојки дома, а со овој рецепт за неколку минути ќе имате вкусен оброк на вашата трпеза.
Најважно е да се јадат веднаш, додека се топли и крцкави!
Состојки:
4 тортиљи
1 пилешко филе
300 гр сирење
2 супени лажици маслиново масло
пиперка
сол, бибер
Подготовка:
Пилешкото филе исечкајте го на ленти, зачинете го, па пропржете го на маслиново масло од сите страни додека не добие златна кора. Во чиста тава ставете тортилја, посипете со порција рендано сирење, ставете малку месо, повторно со сирење, па покријте со друга тортиља.
Печете околу 5 минути додека долната тортиља не порумени убаво и се растопи кашкавалот, па превртете го магдоносот и печете од другата страна. Повторете ја постапката со останатиот материјал. Исечете ги тортиљите на 4 дела и јадете ги додека се топли. По желба можете да додадете кечап или мајонез како прилог.