Нашите баби отсекогаш правеле мрзлива пита, а таа беше незаменлив деликатес на трпезата
Состојки:
650 гр брашно
150 гр шеќер
250 гр путер
200 мл кисела павлака
две јајца
прашок за пециво
1,5 кг јаболка
четири лажици гриз
150 гр шеќер
цимет
Подготовка:
Две третини од брашното измешајте ги со останатите состојки за кората, а остатокот од брашното постепено додајте го во тестото.
Замесете меко тесто, ставете го во кеса и ставете го во фрижидер околу 60 минути. Додека тестото „одмара“ измешајте ги ренданите јаболка, шеќерот, гризот и циметот. Поделете го тестото. Еден дел распоредете го на дното на садот за печење и рамномерно истапкајте.
Одозгора ставете ја смесата со јаболка, а потоа покријте со другиот дел од тестото. Горната кора избоцкајте ја со вилушка и печете на 180 степени околу 40 минути. Сечете само кога целосно ќе се излади и по желба посипете со шеќер во прав.
Пријатно јадење!