Најдобар начин за чистење на лицето: Како да се измиете со МЕД во пет чекори и да ја обновите кожата?

popara22 октомври, 20221min00
umivanje-2048x1365

Масирајте го лицето 30 секунди до минута, а потоа измијте го медот со млака вода.

Медот не само што е добар за консумирање во многу варијанти, туку е одличен и за нега на кожата.

Освен популарните маски со мед, можете да го користите и за чистење на лицето, а постапката е многу едноставна.

  1. Изберете мед

Важно е медот кој ќе го користите за овој процес да биде без дополнителни конзерванси или шеќер и да е сосема природен. Ако можете, набавете си манука, кој е познат како најздравиот мед на светот.

  1. Отстранете ја шминката

Отстранете ја шминката со благо масло, нема потреба од силни производи пред користење на медот. Не го иритирајте лицето со триење.

prirodni lek za gvožđe

  1. Намокрете ја кожата

Подгответе ја кожата за чистењето со мед со тапкање топла вода по лицето. Ова ќе ја омекне кожата, ќе ги отвори порите и ќе спречи лепење на медот. Водата треба да биде потопла од млака, но не и жешка. Топлата вода може да биде многу штетна за кожата, дури и во мали количини.

  1. Нежно втријте го медот

Половина лажица мед ќе биде доволна, а потоа со рацете масирајте го во лицето со кружни движења. Обидете се да ги покриете сите области на лицето, за медот да ги отпушти порите. Масирајте 30 секунди до минута, а потоа исплакнете со млака вода.

  1. Применете ја вообичаената нега

Дополнително хидрирајте ја кожата, а потоа нанесете хранлива крема која ќе ја задржи влажноста на кожата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma