Пет најголеми ЛАГИ за љубовта што треба да ги заборавиме

popara22 октомври, 20221min00
4-couple-playing-with-bubbles-while-relaxing-in-park-in-summer-cavan-images

Животот без љубов е без вистинска радост и на сите ни треба, без разлика колку некои велат дека е неважна. Се вели дека љубовта го врти светот. Психолозите тврдат дека потребата да се биде сакан е примарна човечка емоционална потреба и претставува движечка сила на општеството.

Сепак, постојат стереотипи кои погрешно не учат за љубовта. Ако се држите подалеку од нив, ќе бидете посреќни.

1. Љубовта боли

Ако боли, не е љубов. Љубовта е нашиот лек, таа ни дава сила и самодоверба. Кој ни прави зло под изговор за љубов, не нè сака. Љубовта треба да донесе смиреност, верба во подобро утре, да не врати на нозе кога ќе бидеме фрлени на колена, а не уште повеќе да не доближува до земја.

2. Љубомората е љубов

„Толку те сака што не може да те пушти ни за секунда“, ова е уште една страшна заблуда. Љубовта дава слобода. Љубовта не гуши. Мудреците велат дека оној кој те држи за рака и не пушта, не те сака повеќе од другите, туку се плаши да не те изгуби.

3. Љубовта е слепа

Некои велат дека го сакаат партнерот толку слепо што не ги гледаат нивните маани. Оној кој сака искрено ги знае туѓите маани и ги прифаќа.

4. Љубовта е комплицирана

Токму спротивното. Љубовта е сосема едноставна и лесна. Ако љубовта ви носи болка или бара секојдневно страдање и жртви, нешто не е во ред. Вистинската љубов е нежна и толерантна, таа носи радост, а не болка.

5. Љубовта има рок на траење

Некој ја помешал љубовта со страста. Страста може да врие со години, но најчесто има рок на траење. Психолозите велат дека заљубувањето трае три години, но сепак тоа не е љубов. Љубовта не може да се скрши. Само се менува, но не поминува. Вистинските љубови траат вечно. Љубовта што умира воопшто не била љубов.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma