Барби розовата не го напушта првото место на есенските трендови: Во овие модели ќе изгледате неодоливо

popara23 октомври, 20221min00
shutterstock133120061-830x0

Иако се чини дека модните трендови брзо се менуваат, кога се во прашање боите, ситуацијата е сосема поинаква.

Полни пет години нијансата позната како „милениумско розова“ беше на врвот на листите, а сега е заменета со „барби-розевата“ нијанса, односно фуксија боја која одлично го истакнува тенот и го подобрува расположението.

Во изминатиот месец, пребарувањето на Google беше преплавено со терминот „Barbiecore“, кој се однесува на розовата естетика инспирирана од популарната кукла. Фустаните секако се најбарани, но доколку не ви се допаѓа да ги носите, ќе бидете во тренд доколку изберете друго парче облека во најтоплата и најпривлечна нијанса на розова боја.

1. Фустан со карнери

Шармантниот розов миди фустан со прилагодливо деколте е совршен за попладневна прошетка или вечерно излегување.

2. Со интересен преклоп на градите

Уште еден миди модел во фуксија боја е наменет за дамите кои сакаат да го истакнат горниот дел од телото. Со ваков фустан, накитот речиси и да не е неопходен.

3. Романтично и лежерно

Фустанот над колена од лелеав материјал кој лежерно паѓа и не се „лепи“ за облините е извонреден за дамите со поширока фигура. Интересна машна на рамото која делумно паѓа на грбот е единствениот и сосема доволен украс.

4. Ленен ансамбл

Какво лето би било ако барем еднаш не облечете шорцеви и блуза во иста боја? Ова лето се подразбира дека беше во барби розова боја, а ансамблот што ви го предлагаме е од лен кој пријатно ја лади кожата, а за наесен можете да го комбинирате со повеќе слоеви облека.

5. Туника која „зборува 100 јазици“

Транспарентна барби розова туника до средината на бутовите е одлична и за дневна и за вечерна верзија, како и за одење на плажа.

6. Широки панталони

Преголемите панталони се исклучително популарни оваа сезона. Можете да ги носите со обична бела маичка или кроп топ и чанта во иста боја.

7. Одело за паметење

Краток блејзер со копчиња во комбинација со широки панталони со висок струк гарантирано ќе ве истакне каде и да одите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma