Повеќе нема да страдате со оваа „напаст“
Колку и да ја чистите бањата, секогаш ќе има бигор.
Сепак, постојат некои трикови кои ги користат искусните домаќинки, а кои како од шега го отстрануваат бигорот.
Ако ги користите редовно, бигорот повеќе нема да ви задава задава главоболка.
- Филтер за вода
Добро би било доколку користите филтри, а најдобри се оние кои се прикачуваат за славината, кои многу ефикасно ги отстрануваат нечистотиите, опасните органски соединенија, бактериите, тешките метали.
- 2. Омекнувач на вода
Омекнувачите на вода се уреди кои ги отстрануваат калциумот, магнезиумот и другите минерали од водоводот и се одличен начин за спречување на појавата на бигор.
- Чистење на водоводот
Најважната опција за превентивно спречување на појавата на бигор! Чистете го водоводот што е можно почесто, а со омекнувачот за вода ќе имате добитна комбинација, па дури и можете да заборавите на создавањето на оваа „напаст“!
- Раствор од сода бикарбона
Оваа течност може да биде ваш голем сојузник во чистењето на плочките. Сода бикарбоната е одлична за многу работи, а кога е бигорот во прашање, најдобро делува кога се комбинира со оцет. Помешајте една лажица сода бикарбона со 150 мл оцет и истурете ја во цевката. Потоа оставете го растворот да отстои околу 20 минути, а на крај исплакнете со топла вода.