Инфлуенсерката Мадина Мина откри како можете да ги исчистите вашите четки за шминкање со помош на цедалка
Хигиената на четките за шминкање е многу важна, имајќи предвид дека на нив може да се наталожат разни бактерии кои подоцна ќе го зафатат вашето лице.
За да не го дозволите тоа, послушајте ги советите на блогерката за убавина Мадина Мина, која покажа како можете да ги исчистите на едноставен начин.
Се што ви треба е бебешки шампон, малку вода и најважно – цедалка.
Да, добро прочитавте.
Намокрете ги четките, намачкајте ги со шампон и потоа тријте ги на цедалката, под млаз вода, додека не излезе целата шминка.
Потоа оставете ги да се исушат и готово, спремни се за следната употреба.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.