Подобро е навреме да разберете за што сте.
Во врска во која треба вие се да правите и да потенцирате, јасно е дека не е се како што треба.
За да не си го губите времето, важно е навреме да сфатите дека на мажот што ви се допаѓа не сте му на прво место.
Иако може доста да боли, секогаш е подобро да сфатите на што сте наместо да се влечете со години. Еве кои знаци покажуваат дека мажот едноставно почнал да губи интерес за вас.
- Се чувствувате како да не сте негов приоритет
Ако почне да поминува се помалку време со вас и секогаш има изговори зошто не се гледате, вие не сте негов приоритет. Љубов е кога некој сака да помине време со вас, да споделува моменти и кога му е важно да ве види.
- Не слуша што му зборувате
Ако забележите дека никогаш не ве слуша, кога разговарате со него гледа во телефонот или мислите му талкаат, можно е да постои дистанца. Во здрава врска, важно е партнерите да се слушаат еден со друг и да дознаат какви чувства, мисли и енергија има другата страна.
- Никогаш не ви праќа пораки и не ви се јавува прв
Вие секогаш го правите првиот потег, нему речиси никогаш не му текнува да ви испрати порака. Имате чувство дека не би се слушнале со денови доколку не се јавите.
- Одговара премногу кратко
Заљубениот маж ќе сака да разговара со вас, да сподели одредени идеи, ставови, размислувања со вас. Ако кратко одговара во комуникацијата со „да“, „не“, „не знам“, „важи“ – можно е да имате проблем.
- Променлив е и непредвидлив
Вели дека му значите, а потоа ве игнорира. Еден ден ве опкружува со грижа и ве опсипува со внимание, а следниот ден се однесува ладно и рамнодушно без никаква причина. Ве третира поинаку кога се неговите пријатели во близина. Сето тоа се предупредувачки знаци дека си игра со вас и дека најверојатно не е подготвен за стабилна и сериозна врска.
- Се смее на вашите цели и соништа
Вашата страст, соништа и цели треба да му бидат важни, треба да ве мотивира да го постигнете она што го сакате и заедно да се развивате. Заљубениот маж ќе ги поддржува вашите напори и ќе се интересира за вашиот живот. И ако тој едноставно „не е заинтересиран“, тогаш не очекувајте поддршка од него во други аспекти. Мажот на кој му се допаѓате има тенденција да стане животен партнер кој ќе ви помогне да ги остварите вашите амбиции и ќе ве мотивира да работите на себе.
- Јасно дава до знаење дека не го интересирате
Едноставно не се чувствувате удобно покрај него. Го чувствувате тоа студенило, дистанца и неговата рамнодушност. Кога постои љубов, чувствувате дека се топите од нежност и емоции, се забавувате, удобно ви е покрај некого.
Доколку ги забележите горенаведените знаци, обидете се отворено да му кажете на партнерот што ви пречи, а што не ви одговара. Кога разговорите и напорите не даваат резултати, можеби е подобро да не трошите повеќе време на оваа врска. Има личност која ќе биде подготвена да се однесува со вас во врската онака како што заслужувате, со многу љубов и поддршка – никогаш не го заборавајте тоа!