Сребрениот накит е многу чест подарок.
Не само што среброто е убаво и квалитетно, туку е погодно за секоја пригода.
Среброто може да претставува ефективно парче накит за различни церемонии, но и парче кое ќе го носите во лежерни пригоди.
Со текот на времето, среброто ја губи својата препознатлива боја и сјај, но за среќа, на многу едноставен начин може да се врати.
Се што ви треба се: алуминиумска фолија, врела вода и сода бикарбона.
Едноставно ставете парче фолија на дното на садот, а врз него ставете го сребрениот накит што сакате да го исчистите.
Посипете сода и покријте со вода.
Целата процедура можете да ја погледнете во следното видео: