Ирина Шајк знае дека есента е НЕЗАМИСЛИВА без совршен КАПУТ и добри чизми

popara23 октомври, 20221min00
irina-sajk-4-830x0

Секоја вљубеничка во модата мора да има капут во својот гардеробер во текот на есента.

Неодамна се врати трендот на предимензионирани палта во различни бои, а овој тренд го потврди и една од најпознатите манекенки на денешницата, Ирина Шајк.

Овогодинешниот тренд кога зборуваме за капутите се дефинитивно oversized палта кои отстапуваат од нормата, на пример, имаат џебови на поинакви места од нормалното, се екстра широки и се врзуваат на половината со ремен за да се нагласи женската силуета.

Заедно со ефектниот капут, Ирина носеше екстра длабоки црни кожени чизми со висока потпетица.

Ирина е позната како дама со стил, а овој аутфит можете да го погледнете подолу.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma