Црвенокосиот музичар Ед Ширан толку многу го сака кечапот што на раката го истетовирал шишето од познатиот производител Хајнц, на кое тој бил и лице.
Па така, произведено е шише со кечап во ограничено издание со илустрација на неговата тетоважа, кое беше продадено на хуманитарна аукција во Кристи во Лондон. Но, неговата страст не застанува тука. Освен кечап, тој сака и мајонез, разни други сосови и маринади, како и бројни зачини, кои сега ќе ги произведува под сопствената марка Tingly Ted’s, а кои би требало да стигнат на пазарот следната година.
„Покрај тоа што е голем обожавател на кечап, Ед не знае многу за сосови. Тој го создаде Tingly Ted’s за неговите обожаватели да ја добијат најдобрата верзија на неговите омилени. За Ед, тоа не е забавно, тоа е сериозна работа и тој мисли дека неговите обожаватели ќе го сакаат тоа што тој го создал. Ед има свој ресторан во Лондон – Bertie Blossoms и Tingly Ted’s може да бидат достапни таму наскоро“, изјави еден од неговите пријатели.
Ограниченото шише кечап Heinz го дизајнираше самиот музичар врз основа на неговата сопствена тетоважа
Богатството на Ширан се проценува на 200 милиони долари, па нема сомнеж дека сосовите ги прави не за профит, туку за чиста љубов кон храната.