Франција- одгледувачница на ајкули

popara31 јули, 20111min00
francijaajkuli

По должината на брегот на Медитеранот и Франција забележано е зголемување на бројот на млади ајкули, тврдат француските ихтиолози, пренесува Франс прес.

Експертите за морска фауна во Франција заклучија дека француските води на Медитеранот претставуваат одгледувачница за младите на ајкулите, бидејќи овде е забележано зголемување на бројот на млади ајкули.

“Претпоставуваме дека во овие води има зголемување на бројот на млади поради изобилството на храна, квалитетот и температурата на водата… На кратко поради поволните екосистеми за развој на ајкули кои живеат најмалку на 10 километри од брегот” објаснува претседателот на здружението на ихтиолози на Медитеранот, Никола Зиани.

“Ние треба да продолжиме да го следиме овој тренд, бидејќи оваа информација е од суштинско значење за подобро информирање за ајкулите во Средоземното Море, каде што постојат 51 видови од тие животни”, објаснува Зиани.

“Неопходно е и понатамошно сателитско пратење и демаркација на овие морски“монструми”кои ги населиле морските површини пред повеќе од 400милиони години”.

Тој предупреди дека во француските води на Медитеранот живеат и опасни видови од овие суштества. “Забележани се 389 примероци на бели ајкули и 4 примероци на тигар ајкули, еден од најопасните видови во морето. Но, тие живеат тука уште од средниот век и во голема далечина од брегот”, објаснува Зиани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma