ПОЧНЕТЕ ДА СЕ МИЕТЕ СО КИСЕЛА ВОДА: Трик за убавина што го користат Јапонките – жените со најубава кожа на светот

popara25 октомври, 20221min00
676 (1)

Следниот третман на лице можете да го направите дома, користејќи само шише газирана вода

Употребата на газирана вода како дел од третман за чистење на лицето и нејзино додавање во маските и тонерите за лице е вообичаена практика во Јапонија и Кореја, а неодамна почна да се шири и во други делови на светот. Газираната вода ги има следниве корисни својства:

Има иста pH вредност како и вашата кожа: водата од чешма има pH вредност од 7, додека газираната вода има pH вредност од 5,5, што е иста вредност како и вашата кожа на лицето – така што нема да предизвика иритација.

Ги чисти порите и ја намалува иритацијата: газираноста ги разградува маснотиите и нечистотиите во затнатите пори. Резултатот е подлабоко чистење и спречување на појавата на нови мозолчиња. Ја подобрува циркулацијата: јаглерод диоксидот носи крв и кислород во ткивата на кожата, кои го подобруваат функционирањето на целиот систем и кожата изгледа поздрава, со суптилно руменило.

Дерматологот д-р Денди Енгелман го поддржува овој третман за чистење на лицето и објаснува како газираната вода создава поздрав тен:

„Газираната вода на собна температура почнува да ги шири и отвора крвните садови (водата од чешма треба да се загрее за да го има овој ефект) што помага снабдувањето со крв да стигне до ткивото на кожата.

Овој процес ја подобрува испораката на хранливи материи како кислород до кожата – колку е подобра циркулацијата, толку подобро ќе функционира целиот систем и кожата ќе изгледа поздраво“, вели д-р Енгелман.

Ако сакате да го пробате овој метод за чистење на лицето, следете ги овие чекори:

Исплакнете го лицето со газирана вода или задржете го здивот и нурнете го лицето во сад со кисела вода 10 секунди. Масирајте го лицето со средството за чистење. Исплакнете ја сапунската вода со газирана вода. Пред да ја нанесете кремата, истапкајте го лицето со крпа. Д-р Енгелман не препорачува секојдневно миење на лицето со газирана вода. Кожата прво треба да се навикне на меурчињата – особено ако имате чувствителна кожа:

„Ако ефектот на пенење е премногу силен, измешајте еднакви количини газирана и минерална вода за да ја намалите киселоста и полесно да го измиете лицето.

Уште еден совет е да измешате еднакви количини газирана вода и зелен чај, да натопите памук во течноста и да го оставите на лицето десет минути. Причината е фактот што колку подолго газираната вода остане на кожата, толку подобри ќе бидат резултатите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma