Меган Фокс одговори на критиките на Инстаграм дека не се грижи за своите деца и ги запоставува
Актерката Меган Фокс има три сина од бракот со актерот Брајан Остин Грин. Иако секогаш нагласуваше дека нејзините деца се нејзиниот прв приоритет, ја критикуваа дека не е добра мајка и дека ги запоставува момчињата.
Имено, 36-годишната актерка неодамна објави серија селфи фотки на Инстаграм. Додека повеќето коментари беа позитивни, еден фан напиша: „Каде се твоите деца?
Актерката беше очигледно навредена од прашањето, оставајќи саркастичен одговор: „Чекај, чекај, чекај. Имам деца?!? О Боже, знаев дека заборавив нешто! Брзо, нека му се јави некој на собарот во хотелот Беверли Хилс. Тоа е последното место на кое се сеќавам дека ги видов. Можеби некој ги претворил во изгубено и пронајдено“.
Да потсетиме, Меган од првиот брак има три сина, Ноа (10), Боди (8) и Џорни (6), а по разводот парот доби заедничко старателство.
Веќе е познато дека Меган има необичен начин на воспитување на своите деца и дека има прилично отворен и либерален однос кон нивните одлуки и покрај тоа што се‘ уште се мали.
Така, пред две години таа јавно призна дека го поддржува најстариот Ноа да носи фустани, ако сака тој. Се чини дека по тие стапки тргнале и помладите синови. Реакциите на јавноста се бурни, а на повеќето од нив им е неверојатно што сите три момчиња решиле да се идентификуваат како девојчиња.
Таа го гледа изборот на облека на нејзиниот син како начин на изразување, изјави актерката во едно нејзино интервју и додаде дека има прочитано многу книги за родовиот идентитет, вклучително и книги напишани од трансродови луѓе.
„Имам дете кое страда. Многу сум загрижена поради тоа, посакувам човештвото да не биде такво. Дури и кога имаше само две години, повеќе сакаше фустани отколку панталони“, изјави Меган Фокс за Glamour UK за нејзиниот син.
Од друга страна, има многу кои тврдат дека е прекрасно што Меган им даде слобода на децата да бидат тоа што сакаат, а поделеноста на половите ја нарекоа „надмината“.
Меган во последно време предизвикува и многу спротивставени коментари со својот изглед и однесување.