Едно парче облека, две стилски икони, доволно за возбудлив моден дуел. И како на секој дуел, така и на овој не можеше да има повеќе победници. Меган Маркл и шпанската кралица Летиција ги спои кожено здолниште со многу интересен крој и секоја го носеше на различен начин.
Шпанската кралица Летиција пред неколку дена носеше популарен модел на здолниште во Германија каде престојуваше со својот сопруг кралот Фелипе Шести. Таа во оваа европска земја беше од 16 до 19 октомври и за тоа време се претставуваше во повеќе модни изданија, извршувајќи бројни службени обврски.
Меѓу тие обврски беше и посетата на Меѓународниот саем на книгата пред пет дена во Франкфурт, каде што се појави во црвен кожен костум. Станува збор за креација на популарна модна марка, инаку, нејзиниот омилен моден бренд бидејќи во Берлин отишла во одело потпишано од таа куќа. Цената на елегантното здолниште е 420 евра, а Летиција веќе некое време го има во плакарот бидејќи и претходно сме ја виделе во него.
Истиот модел на здолниште кој им одолева на трендовите го носеше и Меган Маркл пред три години, на настан посветен на родовата еднаквост.
И двете се парчиња облека во кои можете или да изгледате одлично или како целосно модно промашување, но Летиција тоа го направи подобро.
Кога ќе ја погледнете Меган, можете да видите дека носела црвено здолниште со блуза и салонки во слични тонови. Модата овозможува комбинирање на повеќе нијанси на една боја, а војвотката од Сасекс покажа завидно знаење за стилот со комбинирање на повеќе нијанси на црвено.
За разлика од неа, Летиција со едноставна бела блуза ја „смири“ кожената облека која паѓаше во очи, додека со салонките во потемна нијанса доби поен повеќе.
„Оправдување“ за решението на Меган Маркл може да биде и тоа што донела само кожено здолниште, а не јакна од ист материјал, за да може да носи повеќе парчиња во слична боја. Но и покрај тоа, шпанската кралица на поефективен начин ја претстави „кожата“.