ХОРОСКОП ЗА 26-ТИ ОКТОМВРИ: Овните треба да го успорат темпото, а на Лавовите им се заканува кавга со оние над нив

popara26 октомври, 20221min00
b9ab6693f0e2a63bfc1db61db3f9c0f1f16a1690 (1)

Овен

Со арогантен однос ја иритирате околината која има се помалку трпение за вашите гафови. Доколку не се средите на време, во текот на денот може да доживеете многу непријатна ситуација која ќе ве засрами. Забавете и прилагодете ја брзината.

Бик

Ве мачи атмосферата во вашиот дом, па ви се чини дека сите други проблеми се неважни. Ви се чини дека никој не ве разбира, бидејќи нема благодарност од домаќинството за целиот труд што го вложувате за да им угодите. Премногу сте чувствителни.

Близнаци

Имате можност да започнете нешто ново што ќе ви се исплати повеќекратно. Бидете брзи бидејќи целата зделка може да ви пропадне, особено ако вклучите некој друг. Не мешајте интерес и пријателство за да не завршите разочарани.

Рак

Полето на комуникација доаѓа до полн израз. Во одреден момент ќе се најдете среде голема група луѓе, вклучени во разни разговори во врска со вашата професионална ориентација. Не двоумете се, бидејќи реализацијата на тие преговори ќе доцни.

Лав

Свесни сте за својата избувливост, но таа е посилна од вас. Самоконтролата е неопходна ако сакате да избегнете конфликт со претпоставените, што може да резултира дури и со казна. Не правете им го на другите луѓе она што не сакате некој да ви го прави.

Девица

Измислувате причини за вашето незадоволство. Можеби вашите планови биле премногу амбициозни, па дел од постигнатиот успех не го доживувате како нешто позитивно. Ако не сте добиле сè, тоа е како да не сте добиле ништо. Не претерувајте.

Вага

Ве мачат промените на расположението кои ни вие не можете да ги контролирате. Покрај тоа, можна главоболка влијае на општата психофизичка форма. Не барајте причини во нешто конкретно, пред да донесете какви било заклучоци, одморете се добро и спијте.

Шкорпија

Имате волја да го решите семејниот метеж кој стана комплициран. Ако работите ги сведете на остра реалност, ќе бидете задоволни со постигнатите резултати, особено ако излезете од сенката и јасно ги ставите работите таму каде што им е местото.

Стрелец

Идејата да се вратите во романтична врска со личност со која истата врска завршила на непријатен начин во минатото може да ви изгледа примамливо. Пред да подлегнете на искушението, проверете дали вашата потреба не потекнува од обична досада.

Јарец

Отвореното спротивставување на луѓето кои се над вас во однос на статусот може дополнително да ги искомплицира веќе затегнатите односи кои не можете да ги решите. Не е важно дали сте во право, само држете се до својата работа и задржете го вашето мислење за себе.

Водолија

Порака од заборавен пријател од минатото ви го разубавува денот. Се што планиравте за денес одложете и часовите поминете ги во лежерно дружење. Таа личност на некој начин ги навестува промените кои ќе ви дојдат во наредниот период.

Риби

Немате разбирање за саканата личност, па можни се несогласувања во кои можете во афект да направите потези за кои подоцна ќе зажалите. Обидете се да ја надминете минливата меланхолија на побезболен начин бидејќи доаѓа од досада.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma