
Витаминот Д е важен за правилно функционирање на организмот. Недостатокот на витамин Д во телото може да доведе до депресија, а се поврзува и со дијабетес и некои видови рак.
Од сите хранливи состојки кои ги внесуваме во организмот, најмногу треба да внимаваме со витаминот Д. Ако на вашето тело му недостасува витамин Д, треба да користите суплементи. Лекарите препорачуваат дека возрасните луѓе помлади од 70 години треба да консумираат 15 мг витамин Д дневно, а постарите од 70 години да внесуваат 20 мг.
Но, што се случува во телото ако претерате со витаминот Д – кои се нуспојавите?
Може да чувствувате мачнина
Мачнините и нагонот за повраќање се симптоми кои се јавуваат ако внесувате премногу витамин Д.
Ќе чувствувате умор
Чувствувате умор? Можеби за тоа се виновни суплементите. Прекумерното консумирање на витамин Д може да предизвика чувство на умор кое исто така е поврзано со хиперкалциемија.
Камен во бубрезите
Една од најголемите нуспојави на хиперкалциемија е развој на камен на бубрезите. Едно истражување објавено во The New England Journal of Medicine откри дека кога телото има вишок на витамин Д и калциум, постои ризик да се појави камен на бубрезите.
Долготрајно консумирање на витамин Д може да доведе до трајни проблеми со бубрезите.
Лекарите препорачуваат да пиете суплементи ако ви недостасува витамин Д. Постојат два вида на овој витамин: Д2 и Д3. Витаминот Д2 се наоѓа во храната, а витаминот Д3 го произведува нашето тело кога сме на сонце.
Затоа треба да се посоветувате со вашиот лекар пред да почнете да консумирате витамин Д.