Канје Вест повеќе не е милијардер! Еве колку му опадна богатството откако пропаднале неговите големи соработки

popara27 октомври, 20221min00
Screenshot_8

Модниот гигант Адидас ја прекина соработката со раперот Канје Вест, порачувајќи дека „не толерира антисемитизам и кој било друг вид говор на омраза“.

 

 

 

Соработката на брендот на Адидас, Јези со Вест беше прекината откако на модната недела во Париз претстави маици со натпис „White Lives Matter“. Неколку дена подоцна, раперот објави антисемитски коментари на својот Твитер профил.

 

Неговите производи веднаш ќе бидат повлечени од продажба, објави Адидас.

 

Производителот на спортска облека претходно објави дека соработката е една од најуспешните во историјата на компанијата. Раскинувањето на партнерството значи дека Адидас ќе има нето загуба од 250 милиони евра во 2022 година, се вели во соопштението. Вест на Инстаграм го обвини Адидас дека му ги украл дизајните, но оттогаш ја избриша објавата.

 

„Адидас не толерира антисемитизам и каков било друг вид говор на омраза. Неговите неодамнешни коментари и постапки беа неприфатливи, омраза и опасни и ги кршат вредностите на компанијата за прифаќање на различноста, меѓусебното почитување и еднаквост“, се вели во соопштението на Адидас.

 

Инстаграм и Твитер го суспендираа профилот на Вест неколку дена по неговите антисемитски изјави.

 

Акциите на Адидас паднаа за цели осум отсто по објавата за прекин на соработката со Вест.