
Неговите изјави предизвикаа стотици различни коментари
Уште од мали нозе ни ја всадуваат идејата дека појадокот е најважниот оброк и дека не смее да се прескокнува…
Затоа и не е чудно што секогаш сме изненадени од спротивставени мислења.
Лео Бокерија (82) е еден од најпознатите руски кардиохирурзи, професор и академик на Руската академија на науките и Руската академија на медицински науки.
Кога станува збор за традиционалните диети, тој е најгласен. Лео смета дека се што знаеме за здравата исхрана е лага.
– Онаа изрека: Појадокот изеди го сам – е целосна глупост. Кога ќе се разбудите, телото почнува да се навикнува на работната состојба, седнувате на маса и јадете чинија полна со месо, корпа леб и сето тоа го залевате со чаша пијалок. Одите на работа со полн стомак. Тогаш сте си тешки сами на себе – вели Бокерија и продолжува:
– Кога соработувавме со Американците, забележав дека големите хирурзи наутро во најдобар случај пијат шолја кафе. Јадат само еден сендвич напладне и тоа го нарекуваат ручек. Вечерта се враќаат дома, јадат нормална храна, пливаат во базен, читаат и одмораат… Затоа појадокот дајте му го на непријателот, ручајте околу пладне и вечерајте нормално (но не доцна навечер) и на крајот прошетајте пред спиење или вежбајте.

– Според моето искуство, луѓето кои живеат така – живеат долго и здраво – тврди тој.
Овој совет на познатиот руски лекар го потврди и најновото истражување спроведено на Универзитетот Корнел. Научникот Дејвид Левицки открил дека оние луѓе кои го прескокнуваат појадокот за неколку недели значително ја намалуваат килажата.
Оваа теорија ја потврдил со експеримент чија цел била да се одреди количината на храна која човекот ја внесува во организмот во текот на денот.
Половина од учесниците појадувале, а другата група го одбила појадокот. Групата која го прескокнала појадокот консумирала 408 калории помалку дневно од групата која редовно појадувала.
Според Левицки, прескокнувањето на појадокот може да се смета за одличен систем за брзо слабеење.

– Разбирам дека прескокнувањето на појадокот е спротивно на сè што знаете за здравата исхрана, но новите податоци не тераат сериозно да размислуваме да се откажеме од првиот утрински оброк. Се разбира, ова се однесува на здрави луѓе. Луѓето кои имаат проблем со дијабетес и хипогликемија не смеат да прескокнуваат оброци за да го одржат нивото на гликоза – вели Левицки.
Светската здравствена организација се уште тврди дека појадокот е најважниот оброк во денот и дека личноста која редовно појадува има здрав метаболизам и нема проблеми со вишокот килограми. Појадокот го забрзува метаболизмот.
Сепак, тие исто така се согласуваат дека претерано богат појадок може да доведе до дебелеење. Но, нормалниот внес на калории и малите оброци неколку пати на ден можат само да му помогнат на дебелиот човек да изгуби тежина.