Направете вкусни ребра со мед и ќе имате богата трпеза за целото семејство
Состојки:
800 гр свински ребра
100 гр кафеав шеќер
една лажичка сол
лажичка црвен пипер
лажичка бибер
една лажичка лук во прав
400 мл сос за скара
една лажица мед
Подготовка:
Измешајте ги шеќерот, солта, биберот, лукот и пиперот и добро втријте ги во ребрата.
Ставете ги ребрата на алуминиумска фолија и добро завиткајте ги од сите страни, па ставете ги во рерна загреана на 150 степени и печете ги околу два часа.
Кога ќе ги извадите од рерна, внимателно одмотајте ги, па прелијте ги со готовиот сос за скара, по желба со лажица мед. Вратете ги ребрата во рерна уште 10 до 15 минути за да зарумени сосот. Послужете со сезонска салата.
Пријатно!