Хари Стајлс ја бакна колешката Флоренс, па стапи во врска со Оливија: Дали тој е причината за нивната нетрпеливост?

popara28 октомври, 20221min00
dont-worry-darling-830x0

– Една вечер останаа сами, малку се забавувале и дошло до бакнеж – рекол изворот

Глобално популарниот пејач и актер Хари Стајлс наводно ја бакнал колешката Флоренс Пју пред да започне врска со Оливија Вајлд, што доведе до непријатни ситуации на сетот.

Според извештаите, сите ја забележале неверојатната хемија помеѓу главните ликови на филмот „Не грижи се драга“, која многу добро се покажала и на екранот.

– Една вечер останаа сами, малку се забавувале и дошло до бакнеж. Во тој период Флоренс ја прекина врската со Зак Браф, а раскинувањето го криеше од медиумите затоа што не сакаше да го привлекува вниманието кон себе, додека Хари во тој период се уште беше сингл – објави портал магазинот „The Sun“.

Некои од членовите на сетот го виделе бакнежот, а набрзо приказната се проширила.

Меѓутоа, Хари и Оливија почнале се почесто да излегуваат на кафе, а со тоа поминувале се повеќе време заедно, што резултирало со врска. Кога јавно објавија дека се во романтична врска, Флоренс не била најсреќна поради тоа.

Многумина тврдат дека овие актерки имале многу непријатни сцени на сетот. Иако никогаш не било потврдено, Флоренс не сакала да присуствува на ниту една прес-конференција во врска со овој филм, дури и на премиерата дојде сама, додека другите пристигнаа во исто време, што само ги „подгреа“ овие сомнежи.

profimedia-0719823926-830x0
profimedia-0719823903-830x0
profimedia-0719892260-830x0
profimedia-0719891143-830x0
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma