Сигурно многу пати сте се запрашале…
Луѓето се љубопитни, па разбирливо е одвреме-навреме да го користат „Google“ за да истражуваат каде е Г-точката, како да добиете поголем пенис, како да се постигне женски оргазам, како да се заштитите од сексуално преносливи болести итн.
Според неодамнешното истражување на глобален бренд на кондоми, ова се најчесто поставуваните прашања за сексот на „Google“:
Каде е Г-точката?
Сè уште е спорно постоењето на Г-точката. Некои тврдат дека стимулирањето на Г-точката доведува до совршен оргазам, додека некои истражувачи велат дека таа воопшто не постои.
За оние кои веруваат, Г-точката се наоѓа на предниот ѕид на вагината (кон стомакот), на длабочина од 5 cm. Кога ќе се допре, оваа област треба да се чувствува задебелено и сунѓересто. Некои веруваат дека Г-точката е продолжение на клиторисот кон вагината.
Ставете перница под задникот на девојката и обидете се да ја погодите Г-точката со пенисот за време на мисионерската поза или уште подобро со прст.
Како жената може да доживее оргазам?
Прашајте ја! Секоја жена е различна и сака различни работи.
Генерално, повеќето жени не доживуваат оргазам за време на пенетрација, па ако сакате жената да доживее оргазам тогаш мислете на предигра, предигра и предигра! Орален секс, прсти, вибратори, подолга предигра и поголем фокус на клиторисот.
Можете ли да се ослободите од херпес?
Не постои лек за херпес кој ќе ви помогне да се ослободите од него засекогаш. Сепак, можете да користите лекови за да ги контролирате симптомите и да ја намалите можноста за пренесување на херпесот на вашиот партнер.
Како да се ослободите од гениталните брадавици?
Не треба да се обидувате да ги лекувате гениталните брадавици дома. Веднаш контактирајте лекар специјалист за да ви даде точна дијагноза и третман. Лековите мора да бидат наменети за интимните делови, а лекарот може да препорача и криотерапија. Исто така, направете пауза од сексот додека брадавиците целосно не се повлечат.
Како природно да го зголемите пенисот?
Не постои начин да го направите вашиот пенис поголем без операција која ќе предизвика значителна штета.
Прескокнете ги сите чудни домашни лекови и вежби и работете на прифаќање на фактот дека големината навистина нема големо влијание врз сексуалното задоволство на вашата партнерка.
Доколку навистина сакате подлабока пенетрација, тогаш изберете пози како „кучешката“, пренесува „crnobelo.rs“.
Како да се измери пенисот?
Постојат две мерења на пенисот, големината кога е и кога не е во ерекција.
За да го измерите кога не е во ерекција, проверете да не ви е премногу ладно, а потоа ставете го метрото на коренот на пенисот, во близина на самиот стомак. Просечната должина на пенисот во оваа „состојба“ е 8-9 cm.
За време на ерекцијата повторете го истото и измерете го пенисот во ерекција. Просечната должина е околу 12-13 cm.
Сепак, запомнете дека можете да ја доведете девојката до крајно задоволство без оглед на големината.
Колку долго трае сексот?
Во зависност од тоа што подразбирате под секс. Предиграта исто така треба да се смета за дел од сексот, па може да трае колку што сакате.
Сепак, просечното времетраење на пенетративниот секс е околу осум минути. Одлично е да поминете долго време во предигра